Дома Фудбал Италија Чашата се прелеа – Де Бур добива отказ!

Чашата се прелеа – Де Бур добива отказ!

Четирите порази на последните пет натпревари веројатно ќе означат крај на кратката авантура во Интер за холандскиот тренер Франк де Бур. „Нероаѕурите“ после синоќешниот пораз од Сампдорија се на 11-то место на табелата.

Де Бур го загуби курсот, тимот нема игра, а и односите во соблекувалната се на најниско ниво, што најдобро го отсликува реакцијата на Едер, кој откако беше заменет против Сампдорија, најпрвин одби да се ракува со тренерот, а потоа и плукна кон клупата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Едер беше заменет од Иван Перишиќ за кого пред мечот италијанските медиуми тврдеа дека влегол во „клинч“ со тренерот Де Бур.

Холанѓанецот доби добар тим, според имињата способен да се вмеша во борба за титулата, но како игра Интер борбата за опстанок е пореална опција. Поради тоа корпорацијата „Сунинг“, во чија сопственост е клубот, најдоцна до вторник ќе го смени Де Бур.

Како можни наследници на Холанѓенецот се споменуваат поранешниот играч на овој клуб Андреа Мандорлини (поранешен тренер на Аталанта и Верона), потоа Стефано Пиоли, Лоран Блан и Леонардо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кога неколку зборови ќе ги засенат осумте голови: Пораката на братот на Мејну ја покри спектаклот (Фото)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа спектакуларен дуел синоќа за затварање…