Фудбалерите на Барселона ги одбројуваат деновите до гостувањето кај Пари Сен Жермен, а Чави Ернандез имаше цела недела да го подготви својот тим.
Барселона го одигра последниот натпревар минатата сабота кога го победи Лас Палмас и оттогаш целиот фокус им е на парижаните.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според последните информации од Шпанија, Чави за овој натпревар го спрема Витор Роке како изненадување. Бразилецот минатото зимо пристигна од Атлетико Параненсе за сума од 30 милиони евра, но оштетата може да дојде и до над 10 милиони евра со одредени бонуси.
Наводно, Чави верува дека Роке може да биде изненадување бидејќи е напаѓач кој сака да трча и да напаѓа празен простор, за разлика од многу постатичниот Роберт Левандовски.
„Марка“ тврди дека Чави, бидејќи така го предвидува исходот на теренот, сака Роке да биде најистурениот напаѓач, најверојатно заедно со Ламин Јамал и Рафиња, кој исто така добива предност пред Феликс поради неговите одбранбени карактеристики.