Дома Фудбал Чави на тренинзите со првиот тим го повика синот на Роналдињо

Чави на тренинзите со првиот тим го повика синот на Роналдињо

Жоао Мендеш син на легендарниот Роналдињо, кој е роден во 2005 година веќе една година е член на младинскиот тим на Барселона каде што дојде од Крузеиро.

Имајќи предвид дека голем број фудбалери на Барселона се на репрезентативна должност, тренерот Чави одлучи да повика повеќе млади играчи на тренинзите, а еден од нив е и Жоао Мендеш.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Овој млад напаѓач првпат доби можност да тренира со првиот тим и ќе добие шанса да се наметне, а ќе видиме дали би можел да го убеди Чави да му даде минути оваа сезона.

Она што е јасно е дека овој човек тешко ќе ги достигне височините на неговиот татко, имајќи предвид дека играчите кои се и помлади од Мендеш, како Џамал, Лопез, Форт и Кубарси, веќе достигнаа сериозна минутажа…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емери го пронајде идеалниот напаѓач, но дали 55.000.000 евра ќе бидат доволни?

Астон Вила официјално побара информации за можен трансфер на робусниот шпански напаѓач Сам…