Тренерот на Барселона, Чави Ернандес го загуби трпението околу Осман Дембеле и изјави дека Французинот треба или да потпише нов договор или да си најде нов клуб.
Договорот на Дембеле истекува на крајот на сезоната и тој до сега ги одби сите понуди од Барселона за нов договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Јас се прашувам зошто Дембеле ми вели дека сака да остане, а не потпишува. Не сакам да покажам непочитување кон него. Треба или да потпише, или да му најдеме нов клуб. Тој ми кажа дека сака да остане, па треба него да го прашате“, изјави Чави.
„Ова е многу комплицирана ситуација и треба да се направи конечен избор. Играчот треба да мисли и за клубот. Јас повеќе нема да зборувам за оваа тема и случајот треба да биде затворен што побрзо“, додаде Чави.
Xavi says Barcelona will sell Ousmane Dembele this month if he doesn't agree a new contract ⏳ pic.twitter.com/vIAVotzHWg
— GOAL (@goal) January 19, 2022