Многу навивачи на Манчестер Јунајтд беа тажни и загрижени кога ја видоа повредата на Ибрахимовиќ на мечот со Андерлехт. Првите прогнози не беа добри, а лошите вести беа потврдени после деталните прегледи.
Имено, Златан Ибрахимовиќ и Маркос Рохо имаат повреда на вкрстените лигаменти на коленото, па ќе мораат најпрво на операција, а потоа им следи повеќемсечна рехабилитација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„После деталните прегледи потврдено е значитечно оштетување на лигаметите на коленото кај Маркос Рохо и Златан Ибрахимовиќ. Двајцата ќе бидат подложени на оперативен зафат во наредните денови“, стои во клупското соопштение.
Од медицинскиот штаб на Јунајтед не излегоа со прогноза за времетраењето на третманот на двајцата, но медиумите стравуваат дека ова најверојатно ќе биде крај на кариерата за Златан Ибрахимовиќ.
Напаѓачот за неколку месеци ќе наполни 36 години, а целосната рехабилитација на коленото ќе трае околу 8 месеци, што значи дека на терените нема да може да се врати пред декември.
Медиумите на Островот тврдат дека во вакви околности Манчестер Јунајтед нема да му понуди нов договор и дека голема е веројатноста Ибра да стави крај на богатата кариера.