Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски следната седмица ќе го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22.03) и Црна Гора (25.03) во турска Анталија.
Милевски пред собирот за овие два натпревари зборуваше за своите очекувања и истакна дека противниците не се избрани случајно, како и дека се работи за исклучително квалитетни селекции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
– Не случајно ги избравме Молдавија и Црна Гора, мислам дека се работи за сериозни противници, неспорно дека се квалитетни затоа што имаа одлични квалификации. Ќе ни послужат за да знаеме во кој правец се движиме и да видиме во каква форма сме.
Милевски исто така потврди и дека Аријан Адеми повеќе нема да настапува за македонската репрезентација поради лични причини.