Дома Фудбал Англија Цел тим на Сити бил 45 минути заклучен во соблекувална после вчерашното дерби!

Цел тим на Сити бил 45 минути заклучен во соблекувална после вчерашното дерби!

Тотенхем вчера го победи Манчестер Сити со 2:0 во дербито на колото во Премиер лигата, а медиумите на Островот пишуваат за потег на Пеп Гвардиола после натпреварот.

Наводно, Гвардиола ги заклучил фудбалерите во соблекувалната на „Вајт Харт Лејн“ и тоа цело едно полувреме, околу 45 минути. Меѓутоа медиумите пишуваат дека Пеп не ги критикувал своите играчи.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Засега не е познато што правеле Пеп, играчите и стручниот штаб 45 минути во соблекувалната.

„После ваков натпревар никогаш не би ги критикувал своите играч. Не можам да им замерам за нешто. Во фудбалот се случуваат вакви работи, игравме добро но загубивме, Тотенхем од две шанси ни даде два гола. Ќе повторам, замерки нема“, изјави Пеп после натпреварот.

Со овој пораз Сити заостанува зад Ливерпул цели 22 бода, па веќе е јасно каде ќе оди титулата сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија во проблеми пред натпреварот со Швајцарија

Со натпреварот денеска помеѓу Швајцарија и Италија започнува нокаут фазата на Европското п…