Дома Фудбал Англија Цел Египет во недела ќе застане на момент поради Мохамед Салах

Цел Египет во недела ќе застане на момент поради Мохамед Салах

Натпреварите во египетското фудбалско првенство кое беа планирани да се одиграат во недела беа поместени поради ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.

Фудбалската асоцијација на Ангалија (ФА) во недела ќе ја доделува наградата за најдобар играч оваа сезона, а покрај Салах во борбата за престижната титула е и Белгиецот Кевин Де Брујн.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓



Многубројни англиски медиуми вчера објавија дека наградата ќе ја добие Салах. Поради тоа во Фудбалскиот сојуз на Египет одлучија натпреварите да бидат поместени за нешто подоцна, со цел сите да бидат во можност во живо да ја следат церемонијата.

Исто така, ќе бидат одложение и некои други случувања бидејќи доделувањето на наградата на Салах е од огромна важна за цел Египет.

Египетскиот фудбалер во својата земја и статус на вистинско божество и без дилеми е најпопуларната личност. Само можеме да замислиме што би се случувало во евентуален добар резултат на Египет на Мундијалот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…