Дома Останати Авто Мото Хунгароринг: Верстапен водеше цела трка, а на крајот победи Хамилтон

Хунгароринг: Верстапен водеше цела трка, а на крајот победи Хамилтон

Британскиот возач во болидот на Мерцедес Луис Хамилтон оствари нова победа оваа сезона во Формула 1.

Хамилтон денес триумфираше на патеката на Хунгароринг во Унгарија каде што гледавме навистина одлична трка.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Макс Верстапен од Ред Бул водеше во текот на целата трка, но Хамилтон не се откажуваше од борбата за првото место. На три круга пред крајот доволно му се приближи на Холанѓанецот за да ја нападне првата позиција, на крајот тоа и го направи и дојде до победата.

Верстапен мораше да се задоволи со втората позиција додека зад него заврши Себастијан Фетел од Ферари кој исто така во самиот финиш го помина тимскиот колега Чарлс Леклер. Денес најмногу потфрли вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас кој трката ја заврши на осмата позиција.

Кога во прашање е Хамилтон ова за него беше осма победа оваа сезона со што дополнително се зацврсти на првата позиција. Од друга страна, Верстапен остана на два победи и се уште е трет, додека втор е Ботас.

Сега најдобрите возачи одат на заслужен одмор. Наредната трка се вози во Белгија на 30-ти август до 1-ви септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…