Дефензивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс може да ја продолжи кариерата во Серија А.
Хумелс е член на Борусија Дортмунд од 2007 година, направи трансфер во Баерн во 2016 година, но после три сезони повторно се врати во клубот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неговиот договор со Борусија истекува следниот месец и нема најави за негово продолжување, па Хумелс ова лето ќе замине како слободен агент.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти Милан и Јувентус и да годоведат во своите редови.
Двата клуба веќе стапиле во контакт со агентот на Германецот и наскоро спремаат понуди.