
Матс Хумелс е слободен агент откако не го продолжи договорот со Борусија Дортмунд и на маса имаше многу понуди.
Долго време се шпекулираше каде ќе ја продолжи кариерата, а последните информации се дека го избрал следниот клуб и ќе игра во Шпанија.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Имено, Хумелс ја прифатил понудата на Реал Сосиедад и ќе потпише едногодишен договор кој ќе вклучува опција за дополнителни 12 месеци.
Се очекува договорот да биде официјализиран во понеделник, па ќе може да дебитира во Примера веќе следниот викенд.