Дома Фудбал Останато Хуан Себестијан и Верон: Играв и со Меси и со Марадона разликата голема

Хуан Себестијан и Верон: Играв и со Меси и со Марадона разликата голема

veron

Хуан Себастијан Верон зборуваше за разликата помеѓу Диего Армандо Марадона и Лионел Меси.

Селекцијата на Аргентина во овие денови е во големи проблеми.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Доживеаа дебакл од Хрватска со 3:0, изгледаат неубедливо, лошо, а ниту атмосферата во тимот не е на потребното ниво.

Сампаоли се наоѓа на удар на јавноста и играчите и поголем дел сметаат дека не му е местото на клупата.

За „Газета’ се огласи Хуан Себастијан Верон, поранешниот репрезентативец на Аргентина и член на Лацио и Манчестер Јунајтед кој ги спореди Меси и Марадона.

„Можам слободно да кажам бидејќи играв и со двајцата. Марадона беше некој на кој секогаш можеш да сметаш. Меси од друга страна е многу повлечеен…Едноставно не му е судено да биде лидер. Не ги доведувам во прашање неговите технички квалитети, туку неговите карактерни особини“, изјави Верон.

Аргентина за место во 1/8 финалето на Мундијалот ќе мора во последното коло од групната фаза да слави против Нигерија, во спротивно ќе бидат елиминирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…