Дома Останати Кошарка Хрватот Хезоња збесна и сочно го пцуеше словенечкиот судија 🎥

Хрватот Хезоња збесна и сочно го пцуеше словенечкиот судија 🎥

Кошаркарите на Реал Мадрид вчера ја победија Басконија со 101:90 и поведоа со 2:0 во четвртфиналната серија на Евролигата, а еден од оние кои го одбележаа натпреварот беше Хрватот Марио Хезоња.

По еден дуел Хезоња се најде на теренот, побара фаул, не го доби, па потоа почна да му се жали на словенечкиот судија Саша Пукло.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Судијата му зададе една, потоа уште една, исклучувачка техничка грешка, а Хезоња и тогаш не се смири.

Тој седна на клупата, а кога му покажаа дека мора да ја напушти салата, збесна и почна да го навредува судијата.

Една по друга следеа пцовки кои камерата ги сними и сега Хрватот веројатно го чека дополнителна казна. Најмногу сепак ќе зависи од тоа што арбитрот навел во официјалниот записник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ја украде топката и тргна да забие, а потоа видовме една од најморничавите повреди во НБА (Видео)

Победата на Голден Стејт Вориорс против Далас Маверикс (137:131) во Тексас требаше да биде…