Дома Фудбал Останато Хрватите не можат глава да кренат: И Шукер препродавал билети за Мундијалот!?

Хрватите не можат глава да кренат: И Шукер препродавал билети за Мундијалот!?

После скандалот со кометаторот на ХРТ, Драго Ќосиќ, Хрватска се соочува со нов и тоа на иста тема – препродажба на билети за Мундијалот!

Не се работи за било кого легендата на хрватскиот фудбал и денешен претседател на Фудбалскиот сојуз во оваа земја, Давор Шукер!

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Медиумите во Хрватска пренесуваат дека ФИФА има големи сомневања дека билетите кои биле наменети за семејствата на фудбалерите не завршиле онаму за каде што биле планирани. Наводно, во тек е истрагата против првиот човек на федерацијата, Давор Шукер.

„Незаконската продажа на билети се смета за сериозен прекршок на правилата и законите. Во овој момент сме во потрага по информации и не би можеле да кажеме нешто повеќе“, соопштија од ФИФА.

Се додава дека Шукер според некои информации бил главниот во целата работа. Бројката која фудбалскиот сојуз ја добил само за финалето изнесувала 700 влезници, а голем дел од нив завршиле на црниот пазар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Синот на Анчелоти стана тренер на шампионот на Бразил и Јужна Америка

ДАВИДЕ АНЧЕЛОТИ, три недели пред својот 36-ти роденден, доби прва самостојна работа во сво…