Лионел Меси во понеделникот ја освои наградата од ФИФА за најдобар фудбалер во светот и така го наследи Лука Модриќ.
Чудесниот Аргентинец славеше во изборот на новинарите, селекторите и капитените на репрезентациите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа откако ФИФА како и секоја година објави кој за кого гласал започнаа да се појавуваат луѓе кои тврдат дека не гласале како што запишале во ФИФА.
Прво од Египет тврдеа дека гласале за Салах (тука) и бараа објаснување од ФИФА, а сега се огласи и Хрватот Здравко Логарушиќ кој е селектор на Судан.
Тој објави фотографија на која се гледа дека гласал за Салах, Мане и Мбапе. ФИФА објави дека Логарушиќ гласал за Меси, Ван Дајк и Мане.
„Го фотографираф листот со потпис на адвокатот на Фудбалскиот сојуз на Судан. Не знам што се случило понатаму“, изјави Логарушиќ.
Sudan's Head Couch Zdravko Logarušić accused FIFA of changing his votes on The Best award, as they changed his vote for Salah, Mane, Mbappe, to Messi, Van Dijk, Mane. Probably happens to quite a few people but they don’t notice. @FIFAcom? pic.twitter.com/PKUOgMxM5o
— Zeus (@KeylorinhoW) September 25, 2019