Дома Фудбал Останато Скандал на повидок во ФИФА: Салах не добил гласови кои требало да ги добие?

Скандал на повидок во ФИФА: Салах не добил гласови кои требало да ги добие?

Наградата за најдобар фудбалер во иборот на ФИФА ја доби Лионел Меси, а во потесениот круг беа уште Кристиано Роналдо и Вирџил Ван Дајк, Салах заврши на четвртата позиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мохамед Салах по бројот на гласови беше четврти.

Како и секогаш од Меѓународната фудбалска федерација објавија за кого гласале капитените, селекторите на репрезентациите и новинарите.

На списокот кој го објави ФИФА, селекторот и капитенот на Египет не гласале за Салах. Тоа го испровоцира Салах да постави своја слика во дресот на Египет со коментар:

„Што и да направат за да ме натераат помалку да го сакам Египет не им вреди“.

Потоа напаѓачот на Ливерпул од друштвените мрежи ги избриша сите објави во кои го споменува Египет.

Сепак од Фудбалскиот сојзуз на Египет тврдат дека селекторот Шавки Гариб и капитенот Ахме Елмухамеди гласале за Салах и сега од ФИФА бараат да објасни што се случило со списокот кој го испратиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …