Дома Фудбал Германија Хофенхајм – Херта: Дали ќе има уште еден ефикасен дуел во Бундеслигата?

Хофенхајм – Херта: Дали ќе има уште еден ефикасен дуел во Бундеслигата?

Натпреварите од 10-то коло во германската Бундеслига започнуваат во петок навечер кога колото го отвараат Хофенхајм кој ја пречекува Херта Берлин во ПреЗеро Арената.

Тоа е во голема мера пресметка на средината на табелата – домаќините кои се наоѓаат на 11-тото место на табелата, со еден бод и една позиција подолу од гостите, но со значително подобра гол-разлика по неколку тешки порази за Херта.

Игрите топло-ладно никако да престанат


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


По совршениот почеток на сезоната со победата од 4:0 над Аугсбург, Хофенхајм се бореше да развие каква било динамика, освојувајќи само два бода од следните четири натпревари. Токму таа серија може да се покаже како најголема пречка за нивните амбиции сезонава.

Нивната форма тргна нагоре со две импресивни победи на домашен терен – 3:1 против тимот на Волфсбург кој во тој момент беше втор на табелата, а потоа и победа од 5:0 против Келн.

Сепак, Крајхгауер беше вратен на земја со поразот минатиот викенд, откако загубија со 4:0 од Баерн Минхен, со два гола постигнати во секое од двете полувремиња.

Настапите на тимот на гостински терен се главната причина за загриженост за менаџерот Себастијан Хенес, со тоа што неговиот тим освои само четири бода од можните 15 понудени до овој момент. Тоа, се разбира, нема да биде проблем во оваа прилика, а Хенес гледаше како неговата екипа импресивно се враќа на домашен терен во текот на неделата, кога го исфрлија второлигашот Холштајн Кил со 5:1 во ДФБ-Покал купот.

Херта влезе во победничка серија

Херта оди на се или ништо сезона досега, со четири победи, пет порази и без ниту едно реми во првите девет првенствени натпревари.

Проблем е што поразите беа тешки – хет-трикот на Роберт Левандовски му помогна на Баерн да победи со 5:0 уште во август, а Лајпциг на крајот од септември славеше уште поубедливо, со 6:0 и ете ја таа негативна гол разлика од -10, со 11 дадени и 21 примен гол.

Сепак, нивната неодамнешна форма е добра и сега се наоѓаат во серија од три последователни победи во сите натпреварувања.

Прво славеа над Ајнтрахт Франкфурт и тоа н агости со 1:2, па дојде победата минатиот викенд над Менхенгладбах со голот на Марко Рихтер, за да во текот на неделава во Купот да слават гостинска победа над Мунстер со 1:3.

Пал Дардаи се надева дека неговиот тим ќе може да постигне уште една победа во оваа низа, особено што напаѓачите конечно проработеа, а одбраната некако доби на цврстина.

Прогноза:

Двете екипи да постигнат гол @ 1.70 во Bet365

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…