Младата ѕвезда на Чекзи, Калум Ходсон-Одој и официјално испратил молба за трансфер, пренесуваат англиските медиуми.
18-годишниот крилен напаѓач настојува клубот да го продаде во Баерн Минхен. Тој категорично одби да потпише нов договор со „сините“ кои му предложија неделна плата од 85.000 фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одој својата иднина ја гледа во Баерн, откако баварскиот гигант направи се за да го убеди дека ќе има голема минутажа на „Алијанц Арена“. Младиот Англичанец е убеден дека од следната сезона ќе го заземе местото на Робен во тимот.
Челзи веќе одби три понуди од Баерн, последната во висина од 35 милиони фунти. Меѓутоа, Баварците се надеваат дека Челзи ќе попушти на притисокот на самиот фудбалер кој по секоја цена сака да го напушти „Стенфорд Бриџ“.
Chelsea may now be forced to accept Bayern’s next bid, which could be as high as £40m, before the deadline. Hudson-Odoi has no interest in being loaned back to Chelsea for the remainder of the season and wants to make the move immediately. [@Matt_Law_DT] pic.twitter.com/3Yl8NoWVpA
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) January 26, 2019