Дома Фудбал Останато Хлеб: Меси и Роналдо можат да дојдат во Белорусија ако сакаат да играат фудбал

Хлеб: Меси и Роналдо можат да дојдат во Белорусија ако сакаат да играат фудбал

Бившиот фудбалер на Барселона и Арсенал, Александар Хлеб даде многу интересна изјава за ситуацијата во неговата држава.

Во време кога целиот свет се соочува со пандемија од коронавирусот, фудбалот е секаде во прекин, само во Белорусија се игра нормално фудбалското првенство.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Хлеб се надева дека сега сите ја следат белоруската лига и ги покани големите фудбалски ѕвезди Меси и Роналдо да дојдат во Белорусија ако сакаат да играат фудбал.

„Целиот свет сега го гледа првенството на Белорусија. Сите кои сакаат фудбал треба да го вклучат телевизорот и да не гледаат нас. Кога НХЛ ја суспендираше сезоната, многу хокеари отидоа во Русија да играат. Можеби Меси и Роналдо би сакале да дојдат во белоруската лига и да продолжат да играат“, изјави Хлеб.

„Ова е единственото место во Европа каде можете да играте фудбал. Поради тоа луѓето во Белорусија ќе бидат среќни. Луѓето работат, никој не зборува за вирусот. Во селата тракторот сите ги лечи. Терените сите ги лечат“, порача Белорусинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Промена на правилата во Лигата на шампионите согласно УЕФА

УЕФА објави важна промена на правилата што би можела да ги спаси играчите кои клубовите ги…