Фиорентина и Милан ремизираа во саботата на „Артемио Франки“ (1:1) во дербито на 25. коло во италијанската Серија А.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Росонерите“ до пред крајот на натпреварот имаа предност од 1:0 со голот на Ребиќ, но Фиорентина во 85. минута иако со играч помалку успеа да дојде со реми со голот од пенал н Плугар од 11 метри.
Ибрахимовиќ во овој натпревар постигна гол, но ВАР го пништи. Пред почетокот на натпреварот во центарот на вниманието се најде младиот српски напаѓач, Душан Влаховиќ кој со воодушевување го гледаше Златан.
После натпреварот Влаховиќ и го размени дресот со шведскиот напаѓач.

