Хесус Навас, највозрасниот играч во репрезентацијата на Шпанија со освојувањето на Европското првенство стана рекордер.
Дефанзивецот на Севиља е 14. играч во историјата кој освоил две европски првенства, но Навас го направи тоа со најголема пауза меѓу двете титули. Првпат европски шампион стана во 2012 година, а вторпат 12 години подоцна.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од останатите 13 играчи кои двапати беа европски шампиони дури 12 се Шпанци и тоа е очекувано затоа што Шпанија е единствената репрезентација која две години во низа го освојувала ЕП (2008 и 2012).
Тие 12 Шпанци се: Чаби Алонсо, Икер Касиљас, Сеск Фабрегас, Андрес Иниеста, Серхио Рамос, Давид Силва, Фернандо Торес, Чави, Раул Албиол, Алваро Арбелоа, Санти Казорла и Пепе Реина. Единствениот кој не доаѓа од Шпанија е Раинер Борнхоф кој беше шампион со Западна Германија во 1972 и 1980 година.