Шпанскиот фудбалер, Хесе Родригез повторно се најде во центарот на вниманието откако потврди дека веќе не е во врска со Руиз, а неговата поранешна девојка веднаш одлучи преку социјалните мрежи жестоко да го возврати ударот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Хесе и Руиз минуваат низ тешок период веќе неколку месеци откако нивниот син се роди со проблеми со срцето. Руиз и претходного го осудуваше Хесе дека не посветува доволно време на синот и дека на посета доаѓа на два месеци.
Поранешниот играч на Реал Мадрид пред неколку дена се огласи на Твитер и потврди дека не е во врска со Руиз. Хесе ги замоли медиумите за приватност на него и неговата фамилија, но сигурно не очекувал дека ќе добие жесток одговор од својата поранешна девојка.
„Не барај од луѓето да ме почитуваат мене и твојот син кога ти си првиот кој не покажа почит и даваш на други луѓе да ти пишуваат соопштенија. Имаше илјада начини да го соопштиш тоа, а ти на крајот го избра Твитер.“ – напиша Руиз и додаде:
„Најлесно ти е да не напуштиш бидејќи најтешко ти беше да си со нас. Сакам да те потсетам дека не го чуваш твојот син како што заслужил. Фудбалот секогаш ти е на прво место и поради тоа моето семејство ги напушти сите работи за да се грижат за нашиот син кога ти не беше тука.“