Дома Фудбал Англија Херојот на Челзи доби деби повик за Англија пред натпреварот со Македонија

Херојот на Челзи доби деби повик за Англија пред натпреварот со Македонија

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт се соочи со неколку повреди на важни фудбалери пред репрезентативниот циклус во кој Англија ќе игра и против Македонија.

По повредите на Џејмс Медисон и Калум Вилсон, повик од Саутгејт доби 21-годишниот Кол Палмер од Челзи кој сезонава игра одлично.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Палмер беше стрелец и за викендот во дербито против Сити и тоа во самата завршница за реми 4:4. Во репрезентацијата повик доби и фудбалерот на Манчестер Сити, Рико Луис.

И за двајцата ова е дебитантски повик за сениорскиот тим на „Гордиот Албион“. Треба да се спомене и дека неизвесен за гостувањето во Скопје е Џуд Белингам кој се повреди пред натпреварот против Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…