Грузиецот Квича Кварацхелија во текот на сезоната прерасна во вистински херој на Наполи, но вчера против Милан се претвори во трагичар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кварцхелија против „росонерите“ промаши пенал во завршницата од натпреварот, а на крајот токму еден гол му недостасуваше на Наполи да се избори за продолженија.
Кварцхелија по мнатпреварот се огласи на својот Инстаграм профил и им се извини на навивачите.
„Тешко ми е да ги гледам вашите солзи затоа што не донесов среќа. Ќе дадам се од себе да научам нешто од ова искуство. Многу ми е жал и сум благодарен на поддршката која ја чувствувам во секоја секунда! Ве сакам и ветувам дека ќе се вратиме посилни. Пред нас се многу натпревари“, порача 22-годишниот фудбалер.
Кварцхелија сезонава за Наполи постигна 14 голови на 16 натпревари во сите натпреварувања.