Дома Топ вести Херојот Бејл најави заминување: Разочарам сум!

Херојот Бејл најави заминување: Разочарам сум!

Герет Бејл синоќа беше херој за Реал Мадрид во освојувањето на третата последователна титула во Лигата на шампиони.

Велшанецот мечот го започна од клупата за резерви, а во игра влезе во 60-та минута при резултат 1:1 и постигна два прекрасни гола.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


„Бев разочаран што започнувам како резерва, но тоа беше одлуката на тренерот. Кога ќе влезам како замена, се обидувам да оставам впечаток, и мило ми е што го сторив тоа“, изјави Бејл по мечот.

„Имам потреба да играм секоја недела. Треба да размислам добро во следните неколку дена. Ќе разговарам со мојот агент и ќе донесам одлука за мојата иднина“, додаде Велшанецот.

„Да, тоа е најубавиот гол кој го постигнав во кариерата, и тоа уште во финалето на Лигата на шампионите. Не постои поголем пиедестал од овој. Но, на крајот, победата е најважна“, изјави Бејл за голот со ножички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аморим ќе плати 55 милиони фунти за фудбалер кој го споредуваат со Салах!?

Манчестер јунајтед би можел наскоро да го добие потписот на Мбеумо, кој дел од медиумите г…