Дома Фудбал Англија Хари Кејн проговори за неговата иднина

Хари Кејн проговори за неговата иднина

Најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хари Кејн не ја отфрлува можноста да си замине од овој клуб.

Кејн во моментов најверојатно е најдобриот напаѓач во Премиер лигата, а со оглед на тоа што има само 24 години, пред него, сигурно е голема кариера и многу успех на идивидуално ниво. Сепак, кога станува збор за тимско ниво, навистина е тешко да се рече дали Кејн може со Тотенхем да освои голем трофеј во следниве сезони и многумина сметаат дека токму тој глад за трофеи на крајот ќе пресуди и дека овој одличен напаѓач ќе го напушти Лондон.


Секако, новинарите ги интересираше размислувањето на Кејн за ова, а тој и не криеше ништо, освен што не сакаше да ја отфрли можноста за напуштање на клубот.

„Никогаш нема да кажам дека ќе си заминам или дека нема да си заминам. Сепак, ништо не сакам да отфрлам. Тоа не е нешто дефинитивно што сакам да направам, но не сакам да ја отфрлам можноста. Многу сум среќен во Тотемхен, но ќе видиме што ќе се случи“, изјави Хари Кејн.

Потсетуваме, Кејн во моментов се наоѓа во животна форма и на последните три натпревари постигна седум гола, што сигурно на навивачите на Тотенхем не им е драго што следува репрезентативна пауза. Заинтересиран за англискиот репрезентативец е Реал Мадрид, како и англиските гиганти Челзи и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кој ќе биде Златната копачка? Ѓокереш постигна 38 голови, но Мбапе и Салах се поблиску до трофејот

Возбудата во трката за Златната копачка на Европа достигна кулминација последниве недели, …