Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни четири натпревари.
Хјустон на гостувањето беше подобар од шампионот Торонто со 119:109. Рокетси многу подобро го започнаа натпреварот и водеа со 34:28 после првата четвртина. На полувремето заминаа со предност од осум разлика. Рапторси со серија од 16:1 во третиот период успеаа да го свртат резултатот и да поведат со 78:75.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, тоа водство на Рапторси кратко траеше, Риверс и Меклемор погодија по две тројки за ново водство на „Ракетите“. После неколку промашувања на Рапторси Хјустон се одлепи и во главно го контролираше резултатот освен кога Торонто се доближи до 101:100. Меѓутоа Хјустон тогаш одговори преку Џејмс Харден и Пи Џеј Такер.
Меклемор беше најефикасен кај Хјустон со 28 поени, Харден уфрли 23, а Расел Вестбрук натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок од 19 поени, 13 скокови и 11 асистенции. Во редовите на Торонто Паскал Сиакам беше најдобар со 24 поени.
Никола Јокиќ во последно време е тивок, а таков беше и во триумфот на Денвер против Њујорк Никси. Денвер славеше против Никси со 129:92. Јокиќ оствари учинок од само шест поени, десет скока и осум асистенции. Најдобар кај Денвер беше Бартон со 17 поени исто толку од спротивната страна уфрли и Робинсон.
НБА резултати
Вашингтон – Филаделфија 119:113
Њујорк Никси – Денвер 92:129
Торонто – Хјустон 109:119
Њу Орлеанс – Феникс 132:139 (после продолженија)