Дома Фудбал Останато Хаосот кој го направија навивачите на Ривер е одмазда кон полицијата!?

Хаосот кој го направија навивачите на Ривер е одмазда кон полицијата!?

river

Навивачите на аргентинскиот гигант, Ривер направија вистински хаос во саботата кога требаше да се одигра реваншот во финалето од Копа Либертадорес помеѓу домаќинот Ривер и лутиот ривал Бока.

Натпреварот прво беше закажан за во сабота од 21:00 часот, потоа истиот се презакажа за една час подоцна, па за во 23:15, но не се одигра ни тогаш, а ниту другиот ден во 21:00. Сега официјалната дата за одигрување на оваа средба не е позната и ќе биде избрана во наредните два дена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Градоначалникот на Буенос Аирес Хорацио Роригез Ларета излезе со изјава во јавноста дека зад овие случуваља стои одмаздата на озогласените хулигани на Ривер и „мафијашкиот дел“ на навивачката група.

Еден ден пред денот кога требаше да се одигра натпреварот (петокот) лидерот на најсилната групација на навивачите Барас Барванс бил фатен од страна на полицијата со 300 билети и голема сума на пари.

„Ваквите проблеми се стари веќе 50 години. Јасно е дека мафијашкиот дел на навивачката група е виновен за овие случувања. Хаосот пред стадионот има врска со рацијата еден ден претходно, па така 300 луѓе не беа во можност да влезат на стадионот“.

„Хулиганизмот во Аргентина не е само страст, тоа стана бизнис од кој одредени луѓе заработуваат многу. Се продаваат билети на црниот пазар по цени кои се далеку од нормалните. Запленетите билети се причината за целиот хаос кој го видовме во саботата“, изјави Ларета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…