Дома Фудбал Останато Хаос во француската Лига 1: Судот реши да нема испаѓање од лигата!

Хаос во француската Лига 1: Судот реши да нема испаѓање од лигата!

Нема да има екипи кои ќе испаднат од Лига 1 во Франција, која реши да ја прекине сезоната во април.

Ова денеска го реши Националниот суд на Франција, кој ги разгледуваше жалбите на екипите незадоволни од суспензијата на првенството на 10 кола пред крајот и начинот на формирање на конечниот ранг.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Лион, кој не успеа да се избори за европските турнири, и Амиен и Тулуз, кои требаше да се преселат во втората лига, се чувствуваа најоштетено и ги бараа своите права на суд. На крајот, тој реши дека првенството нема да се обновува и нема ништо нелегално во начинот на подготовка на финалниот пласман, но Амиен и Тулуз нема да испаднат под овие околности и ќе останат во елитата следната сезона.

Сега раководството на Лига 1 мора да одлучи како да го промени форматот на првенството следната сезона. Има голема веројатност 22 екипи да играат во елитата на францускиот фудбал во следната сезона. Можно е лигата да ја обжали оваа одлука на суд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…