Дома Фудбал Останато Хаос во соблекувалната: Се појавија нови детали од расправијата меѓу Нејмар и Кавани

Хаос во соблекувалната: Се појавија нови детали од расправијата меѓу Нејмар и Кавани

На површина излегуваат нови детали од расправијата помеѓу Кавани и Нејмар која веќе неколку дена ги полни насловните страни.

Медиумите пренесуваат дека Нејмар за решавање на проблемот го контактирал директно сопственикот Насер Ал Келафи и му кажал дека не сака повеќе да игра заедно со Кавани.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Наводно, сопственикот на ПСЖ се согласил веднаш да го продаде Уругваецот уште во јануарскиот преоден рок само за да го смири Бразилецот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ му го понудил Кавани на Реал Мадрид. Претседателот на „светците“ имал средба со Флорентино Перез и директно му го понудил Уругваецот.

Целата ситуација сака да ја изглади тренерот Унаи Емери внатре во соблекувалната, но се чини дека после ова нема повеќе место за Кавани и Нејмар во ист тим, па логично е дека излезната врата ќе му биде покажана на Уругваецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„СЕГА МОРА ДА СЕ ДОКАЖАМ“: Гвардиола по најголемата криза во кариерата

Фудбалерите на Манчестер Сити не личат на себе, немаат победа во претходните шест натпрева…