КИЛИЈАН МБАПЕ одби да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен и францускиот шампион реши да го продаде.
Во ПСЖ не сакаат нивниот одличен напаѓач на крајот од сезоната да стане слободен играч и да изгуби милиони од него, па ќе се потрудат да заработат колку што можат.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Капитенот на тимот Маркињос на прес-конференција изјави дека сака да продолжи да игра покрај Мбапе, што ги налути челниците на клубот и веднаш го ставија на продажба.
Веста ја пренесува фудбалскиот портал Goal и објаснува дека парискиот клуб одлучил да го продаде Маркињос бидејќи неговата реакција била протолкувана како недостиг на поддршка за клубот во моменталната ситуација.
Маркињос е член на ПСЖ од 2013 година и има одиграно повеќе од 400 натпревари за клубот откако пристигна од Рома.
Трансфермаркт стоперот на бразилската репрезентација, кој има 29 години, го проценува на 65 милиони евра, а е под договор до летото 2028 година.