Дома Фудбал Италија Хамшик „пука“ од самодоверба: Секој кој сака фудбал, сака и ние да бидеме шампиони

Хамшик „пука“ од самодоверба: Секој кој сака фудбал, сака и ние да бидеме шампиони

Kaпитенот на Наполи е полн со самодоверба.

Марек Хамшик смета дека неговиот клуб на основа на резултатите во последните години го заслужува „Скудетото“ кое долги години се чека во Неапол.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Наполи на титула во Серија А чека 28 години, а во овој момент после 20 одиграни кола е лидер во првенството со еден бод повеќе од актуелниот шампион Јувентус.

„Сонуваме да го освоиме „Скудетото“. Не само јас, туку и навивачите, претседателот Де Лаурентис, соиграчите…Исто така сметам дека тоа го посакува и секој кој сака фудбал, играме навистина атрактивен фудбал и заслужуваме да бидеме шампиони“, изјави Хамшик за „Корирере дело Спорт.

Клубот од Неапол во својата историја има само две „Скудета“ и тоа кога екипата беше предводена од легендарниот Аргентинец Диего Армандо Марадона во 1987 и 1990 година.

Токму Хамшик неодамна го престинга Марадона на првото место најмногу голови во историјата на Наполи, 116.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На повидок спектакл: Повторно ќе гледаме битки на Роналдо и Меси?!

Саудискиот фудбалски гигант Ал-Ахли не се откажува од своите амбициозни планови да го дове…