Капитенот на Наполи, Марек Хамшик синоќа имал состанок со раководството на клубот и им ја соопштил одлуката дека сака да ја промени средината.
Хамшик има легендарен статус на „Сан Паоло“, каде пристигна пред 11 години и стана симбол на преродбата на клубот од Неапол.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Словакот синоќа имаше средба со претседателот Де Лаурентис и спортскиот директор Џинтуоли, каде им ја соопштил одлуката дека сака да замине.
Хамшик на маса има богата понуда од Кина која не се одбива, а Наполи за неговата слобода бара 30 милиони евра.
Како што пренесуваат медиумите на Апенините, Наполи веќе бара замена за својот капитен.