Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез не е пожелен во Реал Мадрид, но во Баерн Минхен кој нема да го откупи неговиот договор.
Последните информации говорат дека Хамес може да го напушти Баерн уште во зимскиот преоден рок и кариерата да ја продолжи во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Наполи Карло Анчелоти е голем фан на Колумбиецот кого го тренираше во Реал и Баерн, па сега повторно го сака во својот тим.
И самиот Хамес е воодушевен од идејата повторно да соработува со Анчелоти и е спремен да се пресели во Неапол.
Наполи може да го доведе Колумбиецот на позајмица до крајот на сезоната, со можност за откуп следното лето, но треба да ја победи конкуренцијата.
За Хамес силен интерес покажуваат исто така Арсенал и Ливерпул.