Ерлинг Халанд смета дека Роберт Левандовски беше најдобар фудбалер на светот за 2021 година.
Изборот на Халанд се поклопува со тој на ФИФА, а не и на „Франс фудбал“, кој Златната топка му ја додели на Лионел Меси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Норвежанецот беше прашан кои според него се најдобрите тројца фудбалери кои ја одбележаа 2021 година.
„Мора да се признае дека во моментов број 1 е Роберт Левандовски. Јас сметам дека е најдобар. Тука е и Карим Бензема, навистина беше фантастичен, а Меси секогаш е при врвот. Значи Бензема би бил втор, а Меси трет за минатата година“, изјави Халанд.