Дома Фудбал Лига на шампиони Халанд предупреди: Сакам секоја година да играм во ЛШ

Халанд предупреди: Сакам секоја година да играм во ЛШ

Гол-машината на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд не сака ни да помисли дека неговиот тим нема да избори пласман во Лигата на шампиони следната сезона.

Дортмунд во моментов се наоѓа во криза и има само една победа на поселедните шест меча, па си го загрози местото во Топ 4.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Лигата на шампиони е највозбудливото натпреварување. За мене тоа е нешто специјално. Очекувам секој година да играм во овој турнир“, изјави Халанд.

20-годишниот напаѓач оваа сезона има постигнато 15 гола на 16 меча и е на мета на најголемите европски клубови.

Последните информации од Германија се дека „милионерите“ имаат финансиски проблем и најверојатно ќе го продадат на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…