Дома Фудбал Германија Халанд надвор од терените до крајот на годината!?

Халанд надвор од терените до крајот на годината!?

Oткако Ерлинг Халанд неодамна се повреди против Мајнц изгледаше дека ќе паузира само неколку недели, но сега пристигнуваат нови вести кои не се воопшто добри за Борусија.

Имено, според новите најави Халанд би можел да биде надвор од терените и до крајот на годината. Оваа вест денес ја објави германски „Билд“. Ако ваквите најави се покажат како точни тогаш тоа би било голема штета за Халанд кој сезоната ја започна со дури девет голо во шест натпревари во Бундеслигата и плус три гола во Купот на Германија и еден во Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Покрај Борусија проблем ќе има и Норвешка затоа што Халанд би го пропуштил натпреварите во квалификациите за Светското првенство во ноември. Во Борусија веќе е вклучен алармот и се надеваат на што е можно побрзо враќање на терените на Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барселона сака да го организира финалето на ЛШ во 2029 година

Фудбалскиот клуб Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија…