Манчестер Сити вчера го победи Барнли со 0:3 и така со лесна победа ја започна одбраната на титулата во Премиер лигата.
Халанд во првото полувреме постигна два гола, а токму на паузата Пеп му се жестоко му се дереше. Ситуацијата беше чудна затоа што Норвежанецот одигра одлично полувреме, По натпреварот двајцата објаснија за што станувало збор.
Guardiola e Haaland saíram assim para o intervalo. 😁pic.twitter.com/2uOZiNR2AO
— ⚽ (@DoentesPFutebol) August 11, 2023
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секогаш Ерлинг сака да му се додаде топката нему и само нему. Постојано бара да биде проигруван во простор. Ерлинг ја сакаше топката, но Бернардо донесе добра одлука што не му ја додаде. Сепак, постигна два гола и верувам дека е среќен“, истакна Пеп.
За ситуацијата зборуваше и Халанд.
„Инцидентот се случи по последната акција во која му се налутив на Бернардо затоа што не ме проигра. Затоа Пеп ми се налути. Морам да кажам дека не постои тренер од кој можете да научите толку многу“, изјави норвешкиот напаѓач.