Дома Видео Халанд го постигна првиот погодок во дресот на репрезентацијата ?

Халанд го постигна првиот погодок во дресот на репрезентацијата ?

Ерлинг Халанд можеби е најголемата сензација од претходната фудбалска сезона.

Младиот Норвежанец прво ја полуде фудбалска Европа со игрите и головите во дресот на Салзбург, а потоа премина во Борусија Дортмунд и продолжи во ист ритам.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Халанд кој ова лето наполни 20 години, уште претходната година дебитираше за А репрезентацијата на Норвешка, а синоќа го постигна и дебитантскиот гол во државниот дрес.

Норвешка на свој терен беше поразена од Австрија со 2:1, а за Халанд сигурно тоа не беше лоша ноќ бидејќи го постигна својот прв погодок во сениорскиот репрезентативен фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…