Ерлинг Халанд на лето сигурно ќе биде еден од фудбалерите за кого ќе се борат многу клубови.
Халанд игра одлично оваа сезона во дресот на Борусија Дортмунд каде што пристигна од Салзбург за 20 милиони евра. Но, јасно е дека германскиот клуб солидно ќе заработи ако се реши да го продаде ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе некое време се шпекулира дека 20 годишниот напаѓач ќе ја промени средината ова лето и дека е спремен за нов чекор во кариерата.
Халанд во последно време многу се поврзува и со Барселона, се пишуваше и дека Лапорта го направил првиот контакт. Сепак, „Марка“ објави дека неговата желба е да го облече дресот на Реал Мадрид.
Според информациите, Халанд веќе го известил неговиот агент Мино Раиола за неговата желба да пристигне во таборот на „кралеивте“. Дали ваквите најави ќе се остварат ќе видиме во текот на летото.