Дома Фудбал Италија Хакери измамија италијански прволигаш и си добија огромна сума!

Хакери измамија италијански прволигаш и си добија огромна сума!

hakeri

Група хакери успеа да стигне до навистина огромна заработка од италијанскиот прволигаш, но мора да се признае биле добро упатени и подготвиле генијален план.

Имено, италијанскиот Лацио на холандскиот клуб Фејенорд му должи уште два милиони евра за трансферот на Стефан Де Фрај во 2014 година. На хакерите им била позната оваа информација и успеале да извршат успешна измама и од римскиот клуб да добијат два милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хакерите успеале успешно да ги копираат податоците на холандскиот тим. Се изгледало навистина убедливо во меилот кој бил испратен, па така Лацио морал да уплати два милиони евра, мислејќи дека сумата ја плаќа на клубот од Ротердам.

Холандското обвинителство започна истрага и успеаа да дојдат до одредени информации, но за сега од луѓето кои ја извршија измата нема ни трага, ни глас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…