Дома Македонски спорт ФФМ и федерациите од регионот искажаа поддршка за Чеферин

ФФМ и федерациите од регионот искажаа поддршка за Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусловно изразија поддршка за претседателот на УЕФА, Чеферин и неговата администрација.

Фудбалската федерација на Македонија заедно со десет национални асоцијации членки на УЕФА од Југоисточна Европа денеска на состанок во Тирана ја потврдија безусловната поддршка за претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. 


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На регионалниот состанок чиј домаќин беше Албанската фудбалска Асоцијација, главниот фокус се однесуваше на критичните аспекти на стратегијата за развој на фудбалот на УЕФА како што се: идниот формат на клупските натпреварувања на УЕФА по 2024 година и новата програма за солидарност. 

Исто така, се дискутираше за прашања кои се однесуваат на судењето на натпреварите, споделување податоци и финансиски анализи, потоа предизвици околу првенствата кои влегуваат во системите за обложување и можности кои се појавуваат за државите / асоцијациите. 

Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија, Турција и Албанија со свои претставници беа дел од регионалниот состанок во Тирана.

По дискусиите за наведените теми, националните асоцијации навлегоа во дискусии за иднината на европскиот фудбал. Сите присутни едногласно изразија непоколеблива поддршка за претседателот Чеферин и администрацијата на УЕФА.

Фудбалската федерација на Македонија на состанокот во Тирана беше претставувана од претседателот, Муамед Сејдини, генералниот секретар, Наталиа Илиевска Божиновска и членот на Управниот одбор, Владимир Гашевски. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Литванскиот селектор пред натпреварот вечерва: Дознавме како игра Македонија!

Вечерва во Скопје, Римас Куртинаитис ќе дебитира на селекторската позиција во литванската …