Дома Топ вести Фудбалерите на Сити незадоволни, го критикувале Гвардиола

Фудбалерите на Сити незадоволни, го критикувале Гвардиола

Фудбалерите на Манчестер Сити после поразот со Тотенхем биле незадоволни од потезите на Пеп Гвардиола, пренесува „Дејли меил“.

Според извор, фудбалерите не се задоволни од пристапот на Гвардиола кон изборот на стартната постава, бидејќи шпанскиот стратег инсистира на ротација на секој натпревар. Шпанецот направи 76 измени во составот во сезоната 2019/20, што е многу повеќе од останатите, на второто место е Френк Лампард од Челзи со 60 измени.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Покрај тоа, фудбалерите на Сити не се задоволни од промената на формацијата по заминувањето на асистентот Гвардиола, Микел Артета, како главен тренер на Арсенал. Меѓу критичарите за пристапот на Гвардиола биле и фудбалерите со долгогодишно искуствово кои имаат голем авторитет во соблекувалната.

По натпреварот, екипата и тренерот поминаа околу 50 минути во соблекувалната, поради што Гвардиола задоцни на пресконференцијата. По 25 одиграни кола од Премиер лигата, Манчестер Сити е втор со заостанување големи од 22 бода од лидерот Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…