Дома Фудбал Италија Фудбалерите на Наполи останаа без 10 милиони евра

Фудбалерите на Наполи останаа без 10 милиони евра

Барселона со 3:1 го победи Наполи и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Поразот во елитното натпреварување беше болен за фудбалерите кои ќе загубат и премија од 10 милиони евра.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис им соопштил на ѕвездите дека ќе им подели 10 милиони евра ако ја победат Барселона.

Гостите од Италија не само што не поминаа во следната фаза од елитното натпреварување, туку останаа и без шанса да се борат за место на Светското клупско првенство кое ќе се игра на крајот од годинава.

Наполи со пласманот во четвртфинале ќе се пласираше на Светското клупско првенство и ќе добиеше 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска н…