Фудбалер и еден член на стручниот штаб на алжирскиот прволигашки клуб Молудија Ел Бајад ги загубија животите во сообраќајна несреќа, соопшти синоќа Фудбалската федерација на Алжир.
Клупскиот автобус се превртел во градот Сугуеур во северозападниот дел на Алжир, загинале 27-годишниот голман Закарија Бузијани и помошникот тренер Калид Мухтаф.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Претседателот на Фудбалската федерација на Алжир, Валид Садија, со огромна тага ја прими веста која го потресе клубот Ел Бајад“, се наведува во соопштението на АФФ.