Дома Фудбал Репрезентации ФСС и официјално се огласи – позната иднината на Пикси!

ФСС и официјално се огласи – позната иднината на Пикси!

Како и што се најавуваше Драган Стојковиќ – Пикси ќе остане на клупата на Србија.

Веднаш по неуспехот на Европското првенство каде што Србија беше елиминирана во групната фаза се појавија најави дека ќе дојде до смена, но тоа нема да се случи. Подоцна и се пишуваше дека Пикси ќе ја води Србија и понатаму, а денеска тоа е и потврдено.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Така Пикси ќе ја предводи Србија и во квалификациите за пласман на Мундијалот во 2026 година.

Пред Европското првенство српскиот селектор потпиша нов договор со важност до 2026 година и медиумите во Србија пренесуваа дека за раскина на соработката ФСС би требало да му плати оштета од еден милион евра, па можеби и тоа е една од причините што сојузот не се одлучи да го отпушти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Спектакл во чест на Карлос Тевез: Роналдо и Меси за првпат на иста страна?!

Карлос Тевез (41) ја заврши својата фудбалска кариера пред три години, а сега најави дека …