Дома Фудбал Англија Французите откриваат: Емилијано Сала имал крајно морбидно чуство пред да се качи во авионот!?

Французите откриваат: Емилијано Сала имал крајно морбидно чуство пред да се качи во авионот!?

Додека се чека главната вест за авионот на Емилијано Сала кој исчезна утрово се појавуваат разни вести поврзани со фудбалерот.

Во овие моменти во тек е спасувачката акција на полицијата. Според последното соопштение (објавено во 16:30 часот) пребарани се 1.155 квадратни километри, а наскоро ќе се знае дали истрагата ќе продолжи и во текот на ноќта.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега францускиот медиуми „20minutes“ изнесува шокатни информации за морбидно претчуство на фудбалерот.

Според нивните како што наведуваат инсајдерски информации од играчите на Нант, Сала пред заминување во Велс им зборувал дека чуствува голем страв поради претстојниот лет.

Се пишува дека Сала му се доверил на тимскиот колега Николас Палиус дека стравува од летањето со малиот авион „Пипер Малибу“.

Кога не сето ова ќе се додаде неговата последна објава на Твитер со фотографија од поранешните соиграчи од Нант со описот „последен поздрав“ се изгледа навистина многу морбидно…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…