Репрезентацијата на Шведска е првиот финалист на Светското првенство во Египет!
Иако Франција денес беше фаворит, Шведска уште еднаш покажа како се игра за својата земја и славеше победа со 26:32.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шведска одлично влезе во мечот, играа брзо и ефикасно и водеа од самиот почеток, Французите имаа предност само еднаш (7:6). Андреа Паличка беше феноменален на голот, правеа многу помалку грешки од Французите во првото полувреме, напаѓачки изгледаа многу добро и на полувреме заминаа со предност од 16:13.
Французите на почетокот од второто полувреме успеаа да дојдат на минус еден (16:15), но Швеѓаните не дозволија целосен пресврт.
Шведска играше навистина одлично. Ја користеа секоја шанса која ја имаа, па затоа во 42. минута направија предност од плус 5 (23:18).
Не можеше Франција сериозни да се закани на растрчаните Швеѓани и разбранетиот Паличка. На крајот апсолутно заслужено Шведска се избори за место во финалето каде што ќе го чека противникот од вечерашното второ полуфинале, Данска – Шпанија.