Дома Фудбал Фото: Хулиган го нападнал автобусот на Барса, Валверде за милиметар избегнал повреда!

Фото: Хулиган го нападнал автобусот на Барса, Валверде за милиметар избегнал повреда!

Барселона во вчерашниот натпревар од шпанскиот куп славеше со 0:2 против Валенсија.

Каталонците стигнаа до победата со головите на Кутињо и Ракитиќ и така со вкупни 3:0 да се пласираат во финалето каде што ги чека Севиља.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


После натпреварот фудбалерите и стручниот штаб на Барселона се соочиле со непосакуван инцидент.

Имено, еден незадоволен навивач на домаќините успеал да им го расипе славјето. Домашниот хулиган со батерија од телефон фрлил кон клупскиот автобус и го скршил стаклото на автобусот.  Шпанските медиуми пренесуваат дека милиметри недостасувале за да биде погоден тренерот на Барселона, Ернесто Валверде!

Нешто подоцна шпанската полиција соопшти дека напаѓачот бил уапсен.

barca

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ објави важни информации за сите кои вечерва ќе бидат на стадион

Пред натпреварот со Белгија вечерва од Фудбалската федерација на Македонија објавија важни…