Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини во понеделникот пристигна во Милано за да преговара за својот нареден чекор во кариерата.
„Дејли Мејл“ пренесува дека Фелаини пристигнал во Милано зедно со својот брат Мансур и со менаџерот, но сеуште не е јасно со кој од двата милански гиганта е во преговори.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Белгиецот не е во прв план кај Жозе Мурињо, а со оглед на фактот дека неговиот договор истекува за 18 месеци, многу веројатно е дека ќе ја промени средината оваа зима.
Милан и Интер се во потрага по квалитетен играч за врска, но сеуште не е јасно дали Фелаини започнал преговори со „нероаѕурите“ или со „росонерите“.
Marouane Fellaini spotted abroad… and the location hints at his next club https://t.co/R9dMYxDeA1 pic.twitter.com/2ecFwzobe0
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) December 20, 2016